
Овации за Елмас на „Марадона“ – Наполи му направи специјален дрес кој чини 150 евра! (ФОТО + ВИДЕО)
Наполи го завери Скудетото во минатото коло на гостински терен кај Удинезе, па денеска по мечот против Фиорентина беше направена спектакуларна прослава на стадионот во Неапол.
Елиф Елмас доби големи овации од преполниот стадион „Диего Армандо Марадона“, а тој исто како и останатите фудбалери, за оваа пригода носеа посебни дресови, го имаа својот лик на дресот.
Наполи знае како да заработи некое евро повеќе, па денешните персонализирани дресови ги пушти во продажба. Дресот на Елмас со неговиот лик чини 150 евра и можете да го купите на овој ЛИНК.

Вечерашната прослава на стадионот „Диего Армандо Марадона“ беше спектакуларна и емотивна.
