Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оваа Звезда не е за плеј-оф, Жалгирис ја симна на 16. место
Спорт

Оваа Звезда не е за плеј-оф, Жалгирис ја симна на 16. место

09/02/2024

AA

На осум кола пред крајот на основниот дел од сезоната, Црвена Звезда не само што е далеку од местата кои водат во плејофот, туку ќе треба да се бори и за својата чест и да не остане на две позиции од дното на табелата.

Вечерва, српскиот шампион на домашен терен загуби од Жалгирис со 91-93 и падна на 16. место, а со оглед на тоа што има три победи помалку од десеттопласираниот Макаби, може уште сега да почне да размислува за животот надвор од Евролига. Драматичниот дуел беше решен во пенал-завршница, а клучен момент беше една недосудена одлука на арбитрите на десетина секунди пред крајот.

Впечаток е дека кошаркарот на Жалгирис, Канан Еванс газеше линија на задно поле при една од последните акции на неговиот тим во ситуација кога Литванците водеа со два поена разлика. Судиите не се огласија, следуваше лична грешка врз Димша кој беше прецизен од линијата за слободни фрлања и ги уништи сите надежи на Црвена Звезда.

И без тоа, Звезда немаше многу адути за победа, не играа Теодосиќ и Лазиќ, а на ниво беа само Јаго дос Сантос и Лука Митровиќ. На периоди знаеше да блесне и Недовиќ, но недоволно за да ја понесе екипата. Дос Сантос го заврши мечот со 21 поен и 14 скока, додека Еванс го предводеше Жалгирис со 25 поени, вклучувајќи пет тројки.

Ова беше трета победа по ред за Жалгирис и со тоа ја помина Црвена Звезда на табелата, а се израмни со Олимпија Милано, Баерн и Анадолу Ефес.

РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Жалгирис 91-93
Панатинаикос – Фенербахче 74-63
Барселона – Алба 93-77
Виртус – Монако

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy