Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВАА КАТЕГОРИЈА НЕВРАБОТЕНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОМОШ: Државата нуди поддршка за да почнете сопствен бизнис! Еве што треба да направите
Економија

ОВАА КАТЕГОРИЈА НЕВРАБОТЕНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОМОШ: Државата нуди поддршка за да почнете сопствен бизнис! Еве што треба да направите

10/06/2025

AA

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули вчера официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување.

Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.

Двете мерки вклучуваат и обука за претприемништво, подготовка на бизнис план, како и шестмесечно менторство за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.

-Овие мерки не се само финансиска помош, туку се директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и во развојот на локалната економија, истакна министерот  на прес-конференција во Владата.

Според Белули, целта на мерките е поддршка на претприемништвото.

-Мерките ќе обезбедат одржливи вработувања и ќе овозможат создавање, како и рамномерна дистрибуција на економските субјекти низ осумте плански региони во државата. Процесот на селекција се одвива низ неколку фази, а ќе се поддржат најдобри идеи и бизнис планови, нагласи директорот и ги повика граѓаните да се јават на повикот.

Сите 30 центри на Агенцијата, дополни, се подготвени за прием на апликациите.   

-Според наша проценка, интересот на невработените е висок и до 10.30 часот се поднесени скоро над 200 апликации, информира директорот.

Претходно, владината портпаролка Венера Азизи потсети дека со Оперативниот план за 2025 година директно ќе бидат опфатени над 16.000 граѓани. Планот се потпира на рекорден буџет од 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе од минатата година и претставува најамбициозна инвестиција на Владата во областа на вработувањето и социо-економскиот развој.

-Она што го правиме не се апстрактни мерки, туку конкретни активности кон поправеден и поинклузивен пазар на трудот. Остануваме силно посветени младите да бидат во фокусот на нашите политики зашто тие се најперспективната енергија на оваа земја. Постојано инвестираме во мерки кои ја поттикнуваат самовработеноста, развојот на вештини и претприемништвото, затоа што веруваме дека секоја поддржана идеја денес е уште една можност за развој утре, рече Азизи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy