Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оваа година 250 милиони евра од државата за „Бехтел и Енка“
Економија

Оваа година 250 милиони евра од државата за „Бехтел и Енка“

30/01/2024

AA

Оваа година конзорциумот „Бехтел и Енка“ од државата ќе добие 250 милиони евра директно од буџетот, за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола, објавено е во програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10Д.

Министерство за транспорт и врски како капитален расход на изведувачот преку ЈП „Државни патишта“ ќе му исплати износ од 15.100.000.000 денари во текот на 2024, а во актот се вели дека средствата се проектирани согласно договорот со „Бехтел и Енка“ постигнат во март минатата година. Динамиката на исплатата ќе ја одредува надзорниот консултант.

Во програмата стои дека парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно се однесува на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на подршка на градежни активности вклучувајќи асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот;
– за изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, за проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса;
– за градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго“

Министерството за транспорт и врски во последните два работни дена од минатата година му исплати 43 милиони евра на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за проектот за изградба на четирите автопатски делници од договорот со „Бехтел и Енка“. Со тоа се заокружи предвидената финансиска програма во првата година од договорот за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д на американско-турскиот изведувач да му се исплатат 240 милиони евра, според последните измени направени на владината седница на 28 декември.

Првично за 2023 на операторот требаше да му се исплатат 250 милиони евра , но во последните денови од минатата година Владата ги скрати средствата за 500 милиони денари, а беше направена и корекција во програмата дека преостанатите пари и да не му се префрлат на „Бехтел и Енка“, ќе ги чува јавното претпријатие „Државни патишта“.  ЈПДП треба да достави извештај до Владата и до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 30 јуни 2024 за тоа како ќе ги искористи овие пари.

Од достапните јавни информации, консултантите до „Државни патишта“ доставиле извештај за сработеното од текот на минатата година. Во него пишува дека засега се работело само на проекцијата за тоа како ќе се изведе експропријацијата и има заклучок дека се врши геотехничкото испитување на теренот. Се споменува дека се завршени и други предградежни активности и спецификации.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy