Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВАА ЕКОНОМИЈА ГИ НАДМИНА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА: Рекорден раст од 8,4 отсто
Економија

ОВАА ЕКОНОМИЈА ГИ НАДМИНА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА: Рекорден раст од 8,4 отсто

05/03/2024

AA

Индија ја задржа титулата како најбрзо растечка економија во светот бидејќи порасна за 8,4% во последните три месеци од 2023 година, во споредба со една година претходно

Податоците доаѓаат кога во земјата треба да се одржат општи избори оваа година.

Премиерот Нарендра Моди објави на платформата за социјалните медиуми Х дека сè укажува на „силата на индиската економија и нејзиниот потенцијал“.

Се предвидува дека Индија ќе ги надмине Јапонија и Германија како трета најголема економија во светот во следните неколку години.

Подобриот раст од очекуваниот беше предводен од силните перформанси на производителите во земјава, при што секторот во тој период забележа раст од 11,6%.

Приватната потрошувачка, која сочинува речиси две третини од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, исто така порасна за 3,5%.

Потрошувачката моќ во Индија минатата година беше погодена од високите цени на основните производи како кромидот, што ја натера владата да воведе низа мерки за ограничување на инфлацијата на цената на храната.

Во последниве години, премиерот Моди ги зголеми владините трошоци за инфраструктура и понуди стимулации за зголемување на производството на телефони, електроника, дронови и полупроводници за да и помогне на Индија да се натпреварува и да биде конкурентна на меѓународниот пазар.

Владата кон крајот на минатата недела даде зелено светло за изградба на три фабрики за полупроводници во вредност од 1,26 трилиони рупии, или околу 15,2 милијарди долари, од компании вклучувајќи го индискиот конгломерат Тата.

Од друга страна, земјоделскиот сектор, кој сочинува околу 15% од економијата од 3,7 трилиони долари, продолжи да се бори поради слабите монсунски дождови, додека некои земјоделци протестираа барајќи минимални цени на земјоделските култури.

Меѓународниот монетарен фонд очекува индиската економија да порасне за 6,5 отсто во 2024 година, наспроти 4,6 отсто на Кина.

Пекинг е под зголемен притисок да воведе стимулативни мерки за поддршка на втората по големина економија во светот, која се соочува со голем број предизвици, вклучувајќи криза на пазарот на станови, висока невработеност кај младите и пад на цените, познати како дефлација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy