Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оваа е единствената земја без комарци
Магазин

Оваа е единствената земја без комарци

11/09/2024

AA

Климата во одредена земја има големо влијание врз тоа каков растителен и животински свет ќе има таа. Исланд е земја којашто има ладна и океанска клима, со релативно благи зими и ладни лета, а покрај тоа, недостатокот од „постојни површини со вода“ во оваа островска земја влијаеле врз тоа Исланд да биде единствената земја во светот којашто нема комарци.

Влијанието на климата врз тоа каков ќе биде растителниот и животинскиот свет е огромен, а на Исланд комарци нема и поради тоа што температурите ретко се доволно високи за да го поддржат животниот циклус на комарците. На комарците им се потребни топли временски услови за да напредуваат, а како што пишува порталот „Science and fun“ температурите на Исланд, дури и во лето, се премногу ниски за ларвите на комарецот да се развијат и да созреат.

Комарците вообичаено несат јајца во постојани води, каде што ларвите растат. Исланд има многу водени текови, реки и езера, но нивните ниски температури ги прават несоодветни за размножувањето на комарците. Покрај ова и поради вулканскиот терен на земјата, поголемиот дел од водените површини се во движење, и не се постојани, што дополнително го ограничува размножувањето на комарците.

Значителните промени во температурата и дневната светлина на Исланд исто така не им одговараат на комарците. Кратките, ладни лета не нудат доволно топол период за комарците да можат да го завршат својот животен циклус. Од друга страна, ладните зими би биле многу сурови за комарците коишто би се обиделе да ја поминат зимата таму, дури иако би се обиделе да воспостават своја популација во текот на летото. Овие фактори заедно создаваат окружување коешто е несоодветно за комарците, и ја објаснуваат причината поради која тие не се присутни во Исланд.

„Дури иако комарците повремено се појават на Исланд, што се случува, тие никогаш не живеат доволно долго за да создадат цели популации. Ваквото окружување коешто го имаме на Исланд изгледа идеално за постојано држење на комарците понастрана“, вели Исланѓанецот Сигурјон Халдерсон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy