Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА СЕ ЖЕНИТЕ ОД ВИДЕОТО ПРАТЕНО ОД ВИЕНА: Се истражува дали со нив е двегодишната Данка Илиќ! Покрената е истрага
Регион

ОВА СЕ ЖЕНИТЕ ОД ВИДЕОТО ПРАТЕНО ОД ВИЕНА: Се истражува дали со нив е двегодишната Данка Илиќ! Покрената е истрага

01/04/2024

AA

На видеото снимено во Виена од Србин кој живее и работи во главниот град на Австрија, а на кое се гледа девојчето за кое се сомневаат дека е исчезнатата Данка Илиќ (2), се гледаат и две жени кои ја придружувале. Австриската полиција покрена истрага, а покрај девојката се трага и по жените од снимката за кои се сомнева дека се романски државјанки.

Имено, српската полиција, како што напиша Курир, во ноќта меѓу саботата и неделата добила мејл од Виена во кој наш граѓанин наведува дека видел девојче кое наликува на исчезнатата Данка и ја опишува сцената на која бил сведок.

– Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов како дете бега и вреска. Прво набљудував, а потоа почнав да снимам. Сè се случи на една трамвајска станица. Со детето имаше две жени кои меѓусебно разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговори – вели во мејл Србин од Виена, кој потоа испратил и видео од детето до полицијата во Белград.

Според нашиот извор од истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција.

– Тие веднаш реагираа и одговорија на сите барања кои им беа препратени. Остварена е соработка, а локалната полиција започна истрага и се надева на позитивен исход – вели изворот.

На видеото се гледа девојче на возраст од Данка во бела и розова јакна со цуцла во устата, а до неа е зелено-сина патничка чанта „Најк“.

Данка Илиќ беше пријавена за исчезната во вторникот на 26 март во 13 часот и 45 минути.

Според мајката Ивана Илиќ, девојчето исчезнало во моментот кога отишла до автомобилот да му даде вода на својот тригодишен син. Од тој ден на Данка и се губи секаква трага.

– Данка на денот на исчезнувањето носеше виолетова тренерка, маслинесто-зелена јакна и црни патики, а косата и беше врзана во опавче – потсетува изворот на Курир.

Извор и Фото: Курир.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy