Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова се најважните години во животот на секој хороскопски знак
Магазин

Ова се најважните години во животот на секој хороскопски знак

26/03/2025

AA

Хороскопот има одговор на тоа зошто некои години се поразлични од другите, а секако тука големо влијание имаат планетите и нивното движење. 

 

Овен

Вашите важни години се 15, 19, 30, 35, 40, 45, 57, 60, 66 и 76

Треба да се спомене дека овие години не носат само добри ситуации и можности, туку се времиња во кои вашиот живот може драстично да се промени. Посебно внимание треба да обрнете на годините кои доаѓаат по вашиот 40 роденден.

Бик

За вас, важни години се 16, 21, 24, 30, 33, 39, 51, 60 и 64

Пред 30-тата година во вашиот живот се случуваат многу работи кои се тешки и болни и кои оставаат голема трага на животот на Биковите. Но потоа, тие стануваат силни, со повеќе искуство и се чувствуваат добро. Во средните години, доаѓа светла енергија, топли емоции и спокој.

Близнаци

Важни години за Близнаците се: 10, 20, 30, 40, 50, 64, 70 и 80

Близнаците имаат среќа во нивниот живот да имаат значително помалку негативни ситуации за разлика од останатите знаци. Во младоста и староста, тие живеат убав живот кој е карактеризиран со големи промени, но за добро.

Рак

Важни години: 15, 25, 30, 35, 40, 45, 50, 60 и 75

До 30 година, Раковите се сонувачи кои талкаат низ животот со романтични мисли. Тие го набљудуваат животот низ розови наочари. По 30-тата година, ги тргаат таквите очила, го менуваат погледот на светот и се соочуваат со реалниот живот. Тоа на почетокот воопшто не е пријатно искуство, но тие полека учат како да живеат на свој начин.

Лав

Важни години: 19, 36, 40, 57, 60 и 76

Во животот, највеќе предизвици доаѓаат за Лавовите на полето на кариерата, но со трпение и волја, носат огромни успеси. За Лавовите е важно да најдат совршен баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.

Девица

Важни години : 5, 19, 26, 33, 39, 55, 67

Животот не е премногу лесен за Девиците бидејќи тие знаат дека најдобрите успеси доаѓаат само со напорна работа, но и често се соочуваат со ситуации кои тие сметаат дека се многу поразителни. Можете да живеете прекрасен живот, само ако се ослободите од чувството дека сите работи и луѓе мораат да се совршени во вашиот живот. 

Вага

Важни години за Вагите се: 8, 16, 24, 32, 40, 48, 56, 64, 72

Во текот на животот, судбината често ве изненадува, но вие ја прифаќате секоја промена. Ако сте отворени кон трансформација, ќе бидете многу среќни во животот. 

Шкорпија

Важни години: 15, 25, 30, 45, 50, 60 и 74

Во текот на младоста се занимавате со себеси, а потоа созревате и спиритуалноста ви е голем приоритет. Не се оттуѓувајте во луѓето, бидејќи најчесто најголемата среќа во животот за вас доаѓа од другите луѓе.

Стрелец

Важни години: 15, 19, 36, 38, 40, 45, 57, 75

Секоја од овие фази носи добри искуства кои по 40тата година креираат сосема нова личност. Тогаш станувате сето она што сакате да бидете и гордо се носите со се што е ваше.

Јарец

Важни години: 16, 21, 30, 31, 33, 41, 50 и 57

Јарците се постојано тестирани низ нивниот живот. Иако ќе имате тешки периоди, во зрелите години доаѓа голем спокој и среќа. Голем дел од Јарците својата сродна душа ја запознаваат подоцна во животот.

Водолија

Важни години: 12, 22, 24, 32, 42, 48, 50, 64, 72

Вашиот живот е една голема авантура! Иако мислите дека младоста е ваш период, најубавите авантури ве очекуваат дури по 30тиот роденден.

Уживајте во животот како што вие знаете.

Риби

Најважни години за Рибите се: 12, 24, 30, 36, 45, 48, 52 и 60

Сите промени ги доживувате емоционално, без оглед на тоа дали се позитивни или негативни. Тежнеете кон внатрешен мир и често низ животот сте благодарни за убавите нешта. Тоа е одлична карактеристика.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy