
ОВА ПОТТИКНА КРИТИКИ: Додека гори над Бар, луѓето играат оро
Во Сутоморе синоќа избувна голем пожар кој го зафати регионот кај Созин, спроти шеталиштето.
Пожарот зафатил дел од шумата и ситна вегетација, а се гледал и од градот Бар. Додека пожарникарите се бореа со пожарот, снимката која почна да се споделува на социјалните мрежи остави многумина во шок, затоа што луѓето играат.
Ова поттикна бурни реакции. Пожари има во целиот регион. Гори во Црна Гора, Хрватска, Албанија, Македонија и Грција.