Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ова не е само убиство, ова е напад врз човечноста“ – завршен збор на обвинителката Крстевска за убиствата на Вања и Панче
Македонија

„Ова не е само убиство, ова е напад врз човечноста“ – завршен збор на обвинителката Крстевска за убиствата на Вања и Панче

09/06/2025

AA

Во емотивен и остар завршен збор, обвинителката Жаклина Крстевска денеска пред Судот порача дека убиството, особено убиството на дете, не е само чин на суровост и бруталност – туку директен напад врз човечноста и врз целото општество.

„Ова не е случај за кој може да се биде рамнодушен. Ова е злосторство кое нема оправдување. Со убиството на едно невино дете не се уништува само еден млад живот, туку и вербата во добрината, во правдата, во тоа дека постојат граници што никој не ги преминува,“ рече Крстевска.

Обвинителката побара не само правна, туку и морална осуда за сите четворица обвинети – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски. „Тие ја прекршија не само буквата на законот, туку и суштината на човековото битие,“ изјави Крстевска.

Таа потсети дека убиството на Вања било изведено „ладнокрвно и свирепо, по монструозен план“. „Се надеваа дека телото никогаш нема да биде најдено – ја оставија закопана во дупка, покриена со предмети, како да не е човечко суштество, туку отпад.“

Крстевска нагласи и дека ниту еден од обвинетите не покажал грижа на совест ни по убиството на Панче Жежовски, пензионерот од Велес кој прв стана жртва на нивниот план. „Сите имаат свои деца. И наместо да им служат како пример, тие ги убиваа други луѓе за да им купат станови, да им прават свадби, да се веселат.“

„Се почувствувале сигурни дека нема да бидат откриени, па се охрабриле да грабнат и да убијат 14-годишно дете. Вања, која со ранец на грб одела на училиште, дете кое требало да го заврши деветто одделение и да продолжи понатаму. Таа не им згрешила ништо. Беше невина. И токму затоа ова дело е толку морбидно и болно“, заврши обвинителката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy