
„Ова не е наивна ликвидација“ – Екс командир на МВР со морничаво тврдење… (ВИДЕО)
Двојното убиство во кафуле во Скопје кое ги вознемири граѓаните вчера е само продолжување на пресметките на клановите од нарко-мафијата.
Вака го оценува случајот поранешниот началник во МВР и помошник-директор на криминалистичка полиција, Љубомир Ѓурчески.
Тој во интервју за Канал 5 вели дека е оптимист дека сторителите ќе се откријат, иако станува збор за очигледно добро испланирана и извршена ликвидација.
„До сторителите може да се дојде затоа што колку и да се обидуваат да ги сокријат трагите, секој пат оставаат некоја трага која истрагата ќе ја доведе до откривање на сторителите“, вели тој.