Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија
Економија

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

10/12/2024

AA

Од година во
година, интересот за обуки за финансиска писменост во земјава се зголемува. Ова
може да се види од податоците на Народната банка. Обуките ги следат лица од
различни возрасни групи и бранши.  Од
Народната банка се задоволни од позитивните трендови и одзивот за овој тип на
обуки.

Народната банка на
Република Северна Македонија континуирано од 2012 година наваму, презема разни
едукативни активности со цел зголемување на финансиската писменост на
населението од различни возрасни групи: ученици
од предучилишна возраст, ученици од основното и средното образование, студенти,
пензионери, жени, лица со попреченост. 

„Во 2024 година е забележан пораст на
интересот на училиштата за посета и едукативни презентации од стручни лица од
Народната банка. Во досегашниот период од 2024 година се реализирани 60
предавања за 1.765 учесници (најавени се околу 10 посети и предавања до крајот
на годината), додека за цела 2023 година имаше 56 предавања, а беа вклучени
1.617 учесници. Покрај
редовните посети што се организираат со физичко присуство во Народната банка,
се одржани и неколку он-лајн презентации на барање на училиштата. Покрај
интересот за посета на Народната банка од училишта во земјата, во 2024 година е
остварена посета на ученици, студенти и нивните ментори од странство и тоа од
гимназијата „Буже“ од Белеј, Франција и од Универзитетот Архус од Данска“,
велат од Народна банка.

Освен
децата од урбаните средини, се настојува со овие обуки да бидат опфатени и
децата од руралните места.

„Учениците и студентите имаат интерес
да научат повеќе за следните теми од доменот на работење на Народната банка и
тоа: „Да
се запознаеме со Народната банка“, „Монетарна политика на Народната банка“,
„Платежни услуги и платни системи“, „Банкарска регулатива и Базелски
стандарди“, „ Улогата и значењето на статистичките податоци на Народната
банка“, „Во светот на финансиите ‒ Финансиска едукација за средношколци“,
„Заштитни елементи на македонските пари“, „Платежна сметка со основни функции“
и друго. Во современи услови на дигитализација на финансиските услуги, се
обидуваме во дел од презентациите да ги опфатиме предностите на дигиталните
платежни услуги, но воедно и да ги запознаеме младите со можните начини за
заштита од евентуални ризици при користење на овие услуги. Народната банка, секоја година на
крајот на месец март редовно ја одбележува Глобалната недела на парите, со
наменски презентации за основните и средните училишта. Посебно внимание се
посветува на организација на предавања за учениците од руралните средини, со
цел да се обезбеди што подобар опфат на младите од сите делови на нашата земја. Неодамна, од 26-28 ноември оваа година
беа одбележани Деновите на финансиска писменост, во рамки на кои имаше голем
одзив од средните училиштата и од факултетите за следење на презентациите од
Народната банка. Он-лајн презентациите за средношколците, ги следеа над 150
ученици од средните училишта од повеќе градови во земјата. Последниот ден беше
наменет за студентите од различни факултети од земјава за
кои се одржа студентски час во просториите на Народната банка. Презентациите од
Народната банка ги следеа над 70 студенти од неколку универзитети во земјава,
кои потоа имаа можност да го посетат и Музејот на Народната банка. Народната банка продолжува и понатаму
со бројни активности за зголемување на финансиската едукација и финансиската
писменост во нашата земја, согласно националната Стратегија за финансиска
едукација и финансиска инклузија на Република Северна Македонија, 2021-2025“,
објаснуваат од Народна банка.

Во земјава има доста млади кои
работеле во странство или пак добро заработуваат како фриленсери и размислуваат
во што е најдобро да се инвестира и како во иднина би обезбедиле пасивни
приходи. Финансиската
писменост е комбинација
на свесност, знаење, вештини,  однесување,
потребни за
донесување правилни финансиски одлуки и постигнување финансиска стабилност. Лани
податоците од истражувањето на Евробарометар покажаа дека 18 отсто од граѓаните
во Европската Унија(ЕУ), имаат високо ниво на финансиска писменост.  Потоа 64 отсто се со средно ниво, а 18 отсто
со ниско ниво на финансиска писменост. Холандија, Шведска, Данска и Словенија
имаат највисок процент на финансиски писмено население.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy