
„ОВА Е СРАМНО!“: Жена купила сок на траект, се шокирала од сметката, „дали се тие нормални?“
Голем број граѓани иако навикнати на разни ценовни изненадувања останаа шокирани од висината на сметката која на социјалните мрежи ја сподели една жена која патувала со траект.
Објавата предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи и фотографијата за кратко стана вирална. Истата била направена од госпоѓа која патува на траектот Јадролинија. Голем број граѓани иако навикнати на разни ценовни изненадувања останаа шокирани од висината на сметката.
Како што објави Јутарњи лист, таа објави слика од потврдата за обично пластично шише Цедевита на траектот Шолта – Сплит. На него е испишана шокантната сума од 6,90 евра, пренесуваат медиумите.
„Земаат пари за да ги поправат рампите“, „Дали е ова рекорд?“, „Госпоѓо, погледнете ја цената пред да купите“, „Ова е страшно и срамно“, пишуваат луѓето на Фејсбук.

Не е до Цедевита, бидејќи во продавниците во Хрватска чини нешто повеќе од 1 евро, па останува на екипажот на траектот кој ќе и го наплати популарниот пијалок речиси шест пати повеќе.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
