
ОВА Е СЕ ПОБЛИСКУ, СЕ ТРЕСЕЛЕ И БЕЛГРАД И ПАНЧЕВО – нов земјотрес во Романија од 5,6 степени, погоден е градот Таргу Џиу
Земјотрес
со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Романија.
Земјотресот се случил на 11 километри северозападно од градот Таргу Џиу.
Земјотресот
е почувствуван и во Србија, а граѓаните јавуваат дека потресите ги
почувствувале во Белград, Нови Сад, Вршац, Смедерево, Крушевац… Српските
медиуми јавуваат дека во Србија владеела паника и дека зградите силно се
нишале.
„Живеам
во 18-катница, на 6 ти не ми беше важно, можам да замислам како се се тресеше
на врвот од зградата“, изјави за Телеграф една Панчевонка. „Во куќата ми се
тресеше се, па дури и фрижидерот. Се исплашив. Не се чувствувам добро“, вели
една белграѓанка.
Од
Смедерево известуваат дека земјотресот бил силно почувствуван и дека сите
истрчале на улица. „Овде опасно се ниша, столчето силно ми се тресеше“, изјави
за Телеграф Браќе Јерковиќ, жител на белградската населба.
Фото: Твитер