Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА Е НАЈТАЖНИОТ АЕРОДРОМ ВО ЕВРОПА – ПОНЕКОГАШ САМО ЕДЕН ПАТНИК ИМА ВО ЧЕКАЛНАТА: Само 35 авиони ќе полетаат до крајот на август
Економија

ОВА Е НАЈТАЖНИОТ АЕРОДРОМ ВО ЕВРОПА – ПОНЕКОГАШ САМО ЕДЕН ПАТНИК ИМА ВО ЧЕКАЛНАТА: Само 35 авиони ќе полетаат до крајот на август

11/06/2025

AA

Замислувате ли аеродром со бесплатен паркинг, одлична
поврзаност со автопати и… речиси без патници и авионски летови? Добредојдовте
на Касел-Калден, веројатно најтажниот аеродром во Европа.

Додека Франкфурт, Минхен и Берлин едвај го „носат“
туристичкиот бран во текот на летото, во северниот дел на Хесен владее болна
тишина: до крајот на август, од овој аеродром ќе полетаат само 35 авиони. Не
секојдневно – туку вкупно, пишува списанието „Феникс“.

„Престижен проект“
тоне во црвено

Инвестиција од 340 милиони евра (главно од јавниот буџет),
11 години работа и резултат: Просечно 227 патници дневно во 2023 година, три
мали авиокомпании и четири дестинации (Палма де Мајорка, Болцано, Силт и
Узедом).

Изградбата на овој аеродром чинеше 280 милиони евра. Има
загуби од 60 милиони евра од отворањето во 2013 година и дефицит од 5 милиони
евра само оваа година.

Зошто никој не лета
од Касел?

Првичните планови предвидуваа 700.000 патници годишно, но
реалноста е сосема поинаква. Дури и бесплатниот паркинг (1.400 места!) и
близината до четири автопати не ги привлекоа авиокомпаниите.

„Ова е класичен пример за политички мегаломански проект кој
нема економска смисла“, коментира економскиот аналитичар Клаус Вебер за БИЛД.

„Но, никој не треба да го затвори сега, бидејќи тоа би
значело признавање на огромна грешка“, додаде тој.

Вработени: 2.387.
Патници: малкумина

Единствената светла точка? Работни места. Над 2.300 луѓе
работат на аеродромот и во околните компании, што ги наведува локалните
политичари да тврдат дека тој сè уште е „профитабилен“.

Но, додека Франкфурт прима 590 летови дневно, Касел-Калден е
повеќе како скап музеј на транспортна инфраструктура. Толку е празно што дури и
еколошкиот протест “Letzte Generation”  минатата есен помина незабележано – едноставно
немаше никој да го види.

Дали некогаш ќе биде
профитабилно?

Плановите од 2013 година ветуваа црни бројки до 2020 година.
Наместо тоа, градот Касел, покраината и федерацијата плаќаат милиони секоја
година само за да ги одржат отворени пистите.

Можеби најдобриот коментар дојде од еден од ретките патници
кои неодамна го користеа аеродромот:

„Пријавувањето е брзо, паркирањето е бесплатно, нема гужви…
но ми е жал што сум единствениот во чекалната.“

Едно е сигурно: сè додека политичарите го одржуваат
Касел-Калден во живот, даночните обврзници ќе ја платат сметката – за еден од
најголемите бели слонови на германската инфраструктура.

фото: YouTube/Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy