
„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди
Деновите не се
лесни, но бесмислено е да се сожалувате, вели претседателот на Србија,
Александар Вучиќ и го откри неговото омилено место.
Вучиќ на својот
Инстаграм профил објави видео каде вели дека, кога ќе дојдат такви денови,
најмногу сака да работи за викенди и уште повеќе да се бори.
– Ова е моето
омилено место. Терасата на Претседателството на Србија. Кога ќе дојдам овде,
гледам се што направивме. Од фасадите до Собранието, сите околни улици. Сосема
нов град кој никнува пред нас – рече тој.
– На луѓето во
Србија кои се загрижени за милион проблеми, само сакам да им порачам дека ќе се
борам уште посилно, дека ги повикувам да се борат, и да ја градат нашата
Србија. Ајде да се бориме да го направиме ова Експо успешено, да се бориме да
исполниме се што можеме за нашата земја да напредува, да направиме сè Србија да
биде помодерна и луѓето во нашата земја да живеат подобро, за да нема предавање,
борбата е живот. – рече Вучиќ во видео пораката.