Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова е една од најпотценетите професии, а може да ви донесе заработка од 100.000 евра годишно
Македонија

Ова е една од најпотценетите професии, а може да ви донесе заработка од 100.000 евра годишно

10/12/2023

AA

Тие се потребни во сите индустрии, но особено се барани во финансискиот сектор

Како што расте заканата од сајбер напади, така расте и потребата од експерти за сајбер безбедност. Американското биро за статистика на труд предвидува дека бројот на работни места во областа на сајбер безбедноста ќе порасне за 32 проценти во следната деценија – многу побрзо од другите. Оваа професија важи за една од најпотценетите, а може да ви донесе и до 100.000 евра годишно.

Во моментов, во Америка има речиси 600.000 непополнети работни места во областа на сајбер безбедноста за оваа професија, а на глобално ниво оваа бројка се искачува на високи 3,5 милиони, вели Лиза Гевелбер, главен маркетинг директор на Google за американскиот пазар.

Според нејзината проценка, сајбер безбедноста е една од најпрепорачливите професии, пренесува CNBC.

Како да се вработите во сајбер безбедноста?

Повеќето работни места во областа на сајбер безбедноста бараат најмалку диплома за средно образование, како и онлајн обука. Некои од најпопуларните работни места за сајбер безбедност вклучуваат безбедносни инженери, аналитичари за сајбер безбедност и архитекти за безбедност. Иако секојдневните обврски се разликуваат за секоја улога, основните вештини се речиси идентични, нагласува Гевелбер.

Експертите за сајбер безбедност се занимаваат со проценка на ризик, решавање проблеми, следење на внатрешни и надворешни закани и работа во рамките на ИТ инфраструктурата на организацијата. Експерт за сајбер-безбедност тесно соработува со луѓе во други оддели, па затоа е важно да бидете прилагодливи и способни ефективно да комуницирате и да ги објаснувате вашите наоди на другите, додава таа.

Плати над 100.000 евра годишно

Експерти за сајбер безбедност се потребни во сите индустрии, но особено се барани во финансискиот сектор, здравството и владата, рече Гевелбер.

Просечната плата за многу работни места во областа на сајбер безбедноста надминува 91.490 евра (годишно). Според BLS, просечната плата за аналитичарите за сајбер безбедност е 102.468 долари, додека просечната плата за менаџерите за сајбер безбедност е 150.107 долари.

На пазарот има десетици работни места за сајбер безбедноста од далечина, од кои некои плаќаат и до 182.980 евра годишно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
Македонија

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска

28/11/2026
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46977
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА Во „Бехтел и

28/11/2026

Околу 1.200 нови, добро платени работни места се отвораат со забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Вицепремиерот и

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19 години од Охридско побарала помош

28/11/2026

Девојка на 19 години од Охридско во петокот, 28 ноември пријавила семејно насилство во полицијата. Според нејзината пријава, во нападот

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска не гледа логика во најавениот

28/11/2026

Проектот за проширување на мерката за субвенциониран студентски оброк преку апликацијата „М-услуги“ се развива со забрзано темпо, информираше денеска министерката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy