
ОТВОРЕТЕ ОЧИ: Ана Глигорова вели дека извршителите не ги спроведуваат одредбите за застарување на побарувањата
Активистката и борец за човекови права Ана Глигорова, укажува на една појава, која, како што напишала во својот фејсбук статус, се однесува на извршителите. Вели дека тие не ги спроведуваат законските промени кои се однесуваат на застарување на побарувањата.
„Во моментов добар дел од извршителите не ги спроведуваат промените во законот а кои се однесуваат на застарување на побарувањата, што е кривично дело- злоупотреба на службена положба“, се вели во фејсбук објавата на Ана Глигорова.

