Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско и Глобочица се под контрола, велат од ЕСМ
Македонија

Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско и Глобочица се под контрола, велат од ЕСМ

21/11/2025

AA

Интензивните врнежи од дожд што ја зафатија територијата на Македонија во изминатите четири дена предизвикаа значителен пораст на водостоите, особено во југозападниот дел на државата. Сепак, АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ја информира јавноста дека состојбата е стабилна, акумулациите се под контрола и не постои никаква опасност од прелевање.

Иако нивото на водата во сите хидроенергетски акумулации бележи раст, од државната енергетска компанија уверуваат дека има доволно простор за прифаќање на силните дотеци што ги донесе овој влажен бран.

Посебно внимание во јавноста предизвика порастот на нивото на Охридското Езеро. Според мерењата на стручните служби од подружницата ХЕС „Црн Дрим“, водостојот во последните три дена расте по неколку сантиметри дневно.

Заклучно со вчерашниот ден, езерото се наоѓа на кота од 693,33 метри надморска височина (м.н.в.). Иако ова е за два сантиметри над просекот за месец ноември, од ЕСМ потенцираат дека нема простор за паника.

Најдрастична промена е регистрирана кај акумулацијата Шпилје (Дебарско Езеро), каде нивото на водата за само четири дена пораснало за два метри. Утринските мерења покажале кота од 564,55 м.н.в.

Овој нагол пораст е резултат на силниот вкупен дотек од 128,50 метри кубни во секунда, кој доаѓа примарно од реката Радика и од локалниот слив, каде наврнале дури 100 литри воден талог на метар квадратен.

Вакви обилни дотеци, според податоците на ЕСМ, не се регистрирани во последните седум години, иако се карактеристични за есенскиот период.

Во хидроелектраната „Глобочица“ исто така се бележи интензивен страничен дотек од реките во струшкиот регион. Сепак, благодарение на воспоставениот режим на работа на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, ситуацијата се менаџира безбедно.

На располагање и со висока доверливост се сите пет агрегати во двете хидроелектрани. Производството на електрична енергија е веќе адаптирано на новите хидролошки прилики.

Од АД ЕСМ најавуваат дека врнежите кои се очекуваат викендов нема да претставуваат проблем. Дел од водата ќе се преработи преку турбините веднаш, додека останатиот дел ќе се акумулира и ќе се чува како скапоцена резерва за производство на струја во текот на претстојната грејна сезона.

Компанијата продолжува будно да ја следи состојбата и да презема мерки за безбедно справување со високите води.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски и Клековски бараат поефикасна борба против дрогата и подобар

10/09/2026
Македонија

УХМР најавува дожд, грмежи и заладување: Викендов температурите ќе паднат

10/09/2026
Македонија

Од 14 септември блокада на границите: Камионџиите од Западен Балкан

10/09/2026
Македонија

Македонски државјанин уапсен во Загреб под сомнение за сексуално злоставување

10/09/2026
Македонија

Прв случај во Свети Николе: Бројот на заболени од западно-нилска

10/09/2026
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45601
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски и Клековски бараат поефикасна борба против дрогата и подобар третман на зависностите

10/09/2026

Промени во пристапот кон борбата против недозволената трговија со дрога и поголема координација меѓу институциите биле во фокусот на денешната

УХМР најавува дожд, грмежи и заладување: Викендов температурите ќе паднат

10/09/2026

Променливо облачно време со дожд, засилен ветер и пад на температурите ја очекува земјава во текот на претстојниот викенд, најави

Од 14 септември блокада на границите: Камионџиите од Западен Балкан најавуваат прекин на сообраќајот кон

10/09/2026

Камионџиите од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора од 14 септември најавуваат прекин на товарниот сообраќај кон Европската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy