Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отворена телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани
Македонија

Отворена телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани

09/06/2025

AA

Од денеска е достапна телефонска линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираат од Владата. Линијата ќе овозможи директна комуникација со институциите, при што граѓаните ќе можат да ги изразат своите барања, потреби и предлози.

Телефонскиот број 070/355-526 е јавно достапен и ќе биде управуван од Канцеларијата на претседателот на Владата. „Никој нема да биде заборавен. Наш приоритет е повредените да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за да можат да продолжат со животот понатаму“, се вели во владиното соопштение.

Како дел од институционалниот одговор, Владата најавува дека на наредната седница ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе се отстапи за потребите на Министерството за здравство. Таму ќе бидат сместени пациенти кои се веќе во стабилна состојба, но имаат потреба од понатамошен медицински третман и рехабилитација.

Објектот располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде дополнително екипиран со медицински персонал за да обезбеди целосна грижа. Владата уверува дека е целосно посветена на здравствената заштита на сите повредени во трагедијата.

Во соопштението се упатува и апел до политичките партии да се воздржат од „политичка некрофилија“ и да дозволат институциите професионално да го водат случајот.

„Секој што е инволвиран во овој случај ќе одговара, без разлика на неговиот општествен статус или политичка припадност. Правдата доаѓа – и ќе биде одговор за сите. Државата е на патот на промените“, нагласуваат од Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy