Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отворен кабинет на МВР Спасовски на 16 ноември во СВР Струмица
Македонија

Отворен кабинет на МВР Спасовски на 16 ноември во СВР Струмица

12/11/2023

AA

Ве известуваме дека проектот ОТВОРЕН КАБИНЕТ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, со кој се опфатени секторите за внатрешни работи, директно или преку посети на нивните одделенија, продолжува со планираната динамика и во наредниот период.

Доколку живеете на подрачјето на СВР Струмица, а притоа имате прашање за министерот, идеја со која сметате дека ќе се подобри безбедноста, предлог кој би помогнал за подобрување на работењето на полицијата, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас.

Ви најавуваме дека Отворениот кабинет на министерот Спасовски продолжува на 16 ноември, во просториите на СВР Струмица. Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје од утре (13.11.2023), во текот на целата недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на [email protected], да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи да го презентирате вашето размислување, идеја или предлог, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.
Заеднички уште еднаш да покажеме дека соработката меѓу полицијата и заедницата е суштинска за поголема безбедност на граѓаните, дека мислењето на секој граѓанин е значајно и да продолжиме со продлабочување на нашата определба – полицијата во служба на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што придонеле за кризата

23/07/2026
Македонија

Продолжува контролата на водата во Гостивар, утврдени отстапувања во анализите

23/07/2026
Македонија

Велешкото езеро „Младост“ и понатаму забрането за капење

23/07/2026
Македонија

Итни мерки во Гостивар: Започна хиперхлорирање на водоводот, нормализирање на

23/07/2026
Македонија

Загинат работник на „Комуналец“ десет дена пред поставувањето на спорните

23/07/2026
Македонија

Уапсен возач-почетник, возел 211 км/ч на автопатот Скопје–Тетово

23/07/2026
Македонија

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Два „ер трактори“ и „пинцгауери“ на ДЗС го

23/07/2026
Македонија

ЦУК со итна координација во Гостивар: Обезбедени над 170 тони

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што придонеле за кризата со водата во Гостивар

23/07/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар ќе сноси секој што

Продолжува контролата на водата во Гостивар, утврдени отстапувања во анализите

23/07/2026

Емилија Јанеска од лабораториско-експертскиот тим на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека анализите на водата во Гостивар покажале

Велешкото езеро „Младост“ и понатаму забрането за капење

23/07/2026

Водата во вештачката акумулација „Младост“ кај Велес останува небезбедна и строго забранета за капење и рекреација, покажуваат најновите анализи на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy