Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отворен Diamond Mall – првиот вистински лајф-центар во регионот
Македонија

Отворен Diamond Mall – првиот вистински лајф-центар во регионот

20/10/2023

AA

Жителите и посетителите на македонскиот главен град од денеска добиваат нов, ултра-модерен објект во строгиот центар на градот. Со својот уникатен концепт Diamond Mall е многу повеќе од обичен трговски центар. Покрај место за шопинг, овој центар претендира да биде новата атракција за забава и гастрономско уживање. Неговото отворање креира и нови работни места и можности за развој на бизнисот.

Меѓу првите на кои им припадна честа да зачекорат низ коридорите на новиот центар беше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот Артан Груби, министрите Оливер Спасовски, Фатмир Бесими и Љупчо Николовски, како и од претставници на Групацијата „Лимак“, амбасадори на неколку држави и други партнери и истакнати личности.

„Уште од моментот кога овој центар и целиот комплекс на кој му припаѓа беа само идеја, посакувавме тие да бидат новото обележје на Скопје со кое ќе се гордеат жителите на овој град и место каде тие со задоволство ќе сакаат да престојуваат. Diamond Mall е значаен дел од таа наша замисла. Затоа се трудевме да направиме објект што ќе ги спои современите архитектонски стилови, природата и современиот животен стил на луѓето. Посакуваме Diamond Mall да биде новата дестинација каде луѓето ќе уживаат во шопингот, но истовремено ќе се дружат и забавуваат. Се радувам што ваквата замисла станува реалност“, истакна почесниот претседател на Групацијата „Лимак“, Нихат Оздемир.

Diamond Mall е еден од главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, во чија изградба Групацијата „Лимак“ досега инвестираше над 350 милиони евра. Покрај Diamond Mall, комплексот го сочинуваат и четири резиденцијални згради, деловни простории, луксузен хотел, како и подземна сообраќајница.

Со својот уникатен концепт, Diamond Mall припаѓа на сосема нова категорија објекти, наречени „Лајф-центри“. Првата целина од овој концепт ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², кои на купувачите ќе им понудат голем избор на популарни и атрактивни брендови. Втората целина е „Зоната на соништата“ (Dream Zone) со површина од 7.000m², која ќе понуди најразлични едукативни и забавни атракции за деца и млади. Третата целина е „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), која на посетителите ќе им овозможи да бидат дел од разновидни случувања од областа на културата и уметноста, додека  уживаат во вкусовите на локалната и интернационалната кујна, достапна во големиот број ресторани, кафулиња и барови кои ја сочинуваат оваа Авенија.

Diamond Mall е изграден според најсовремените архитектонски трендови и градежни стандарди кои овозможуваат највисок степен на удобност на посетителите и одлични работни услови за вработените во центарот, како и висок степен на енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Дизајнот на целиот објект е компактен и овозможува голема прегледност и лесна навигација на посетителите. Центарот располага со голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг места.

Задоволството од отворањето на Diamond Mall ќе биде споделено и со посетителите кои од денеска и во деновите од претстојниот викенд ќе можат да уживаат во богатата забавна програма прилагодена за сите генерации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy