Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отруена новинарката која се противеше на руската војна? Ја отворила вратата од станот, а потоа и се слошило!
Македонија

Отруена новинарката која се противеше на руската војна? Ја отворила вратата од станот, а потоа и се слошило!

13/10/2023

AA

Руски ТВ-новинар, кој во живо протестираше против војната на рускиот претседател Владимир Путин, е осомничен дека бил отруен во Франција откако мистериозно се разболел.

Марина Овсијаникова во четвртокот била пренесена во болница откако наводно забележала бел предмет на вратата од нејзиниот стан во Париз. Оваа 45-годишна жена повикала брза помош бидејќи наеднаш почнала да се чувствува лошо откако ја отворила вратата од станот.

Таа рече дека се сомнева дека била отруена, а вештаците од судска медицина биле испратени да го прегледаат нејзиниот дом.

Кристоф Делор, генерален директор на Репортери без граници (РСФ), рече дека се сретнал со Овсијаникова откако и се слошило пред нејзината куќа.

Тој, пишувајќи на платформата „Х“ (Твитер), рече дека не е исклучена можноста Овсјаникова да е отруена, иако за среќа веќе се чувствува подобро.

Отворивме истрага“, изјави портпаролот на Обвинителството.

„Таа рече дека не се чувствува добро. Сè што имаме за сега е само она што таа го кажа“, додаде тој.

РСФ соопшти дека нивниот тим бил „со неа“ откако таа го упатила итен повик – но не беа дадени дополнителни детали по инцидентот.

Поранешниот уредник на руската државна телевизија Први Канал во март минатата година протестираше во живо против војната во Украина и со тоа стана национален „херој“ и се најде на светските насловни страници. Таа стана вистинска хероина на борбата за слобода на говорот и медиумите, по шест секунди во високо гледаното шоу „Време“ зад водителот држеше плакат на кој пишуваше дека руските медиуми го лажат народот и дека не треба да му се верува.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy