Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откриено спомен обележје на полицискиот службеник Игор Драганов
Македонија

Откриено спомен обележје на полицискиот службеник Игор Драганов

24/10/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствувал и се обратил на настан по повод откривање спомен обележје во чест на ликот и делото на загинатиот припадник на македонската полиција, Игор Драганов, во организација на Здружението на бранители на Македонија.

– Нашиот херој Игор беше полициски службеник кој некогаш беше со нас, се радувaше и тагуваше заедно со нас, храбро и достоинствено пред 16 години на денешен датум извршувајќи работни задачи во близина на селото Танушевци на падините на Скопска Црна Гора го положи својот живот за татковината, извршувајќи ја својата света должност чување на безбедноста и сигурноста на македонските граѓани, потенцирал министерот во обраќање пред присутните.

Спасовски, како што соопштија денеска од МВР, истакнал дека со денешново откривање на спомен обележјето му се оддава должна почит на Игор Драганов, но и на неговите најблиски, чија загуба останува ненадоместлива.

– Ве уверувам дека Игор засекогаш ќе остане запаметен по своите херојски дела и вечно ќе живее во колективната меморија на сите наши граѓани, а неговата храброст и пожртвуваност ќе биде инспирација за идните генерации. Наша света должност е да направиме се да го зачуваме мирот и безбедноста и да продолжиме да целиме кон подобра иднина, која ќе биде просперитетна за сите. Свесни сме дека овој паметник подигнат во чест и сеќавање на Игор никогаш нема да ја исполни празнината што вечно ќе постои, но сите ние – неговите колеги, пријатели, сограѓани и сонародници – сме повеќе од должни и обврзани не само да го чуваме споменот, туку и со нашето секојдневно работење и однесување да докажеме дека херојскиот чин на овој 24 годишен скопјанец, нема да биде заборавен, рекол министерот за внатрешни работи Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy