
Откриена жената во Тексас која застрела друга жена: Носела пушка АР-15 и кабел за детонација на бомба
Американската полиција го откри идентитетот на жената која отвори оган во неделата во Лејквуд, големата црква на телевизискиот проповедник Џоел Остин во Тексас.
Станува збор за 36-годишната Џенис Ивон Морено, која носел автоматска пушка АР-15 и кабел за детонација за бомба, пишува Њујорк Тајмс.
Пред полицијата да ја убие, жената рекла дека има бомба, а полицајците отвориле оган дури откако таа вперила пиштол во нив, се вели во полицискиот извештај.
Две лица се ранети во пукање во голема црква во Лејквуд, меѓу кои и едно 5-годишно момче кое е во критична состојба и еден 57-годишен маж.
Момчето е пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна состојба.
Мотивот за пукањето и каков однос имал Морено со ранетото момче и црквата во која пукала се уште се нејасни.
