Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОТКРИЕНА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ЌЕ НИКНЕ МАРКЕТ НА ЛИДЛ – еве во кој дел од Скопје се купени имоти, сопствениците имаат рок од уште 17 месеци
Економија

ОТКРИЕНА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ЌЕ НИКНЕ МАРКЕТ НА ЛИДЛ – еве во кој дел од Скопје се купени имоти, сопствениците имаат рок од уште 17 месеци

22/03/2023

AA

Фактор со ново откритие околу германскиот синџир маркети Лидл. Нашите
сознанија говорат дека таа компанија планира да гради маркет и во скопската
населба Карпош, помеѓу двете клучки кај Момин Поток.

До овие информации дојдовме од дел од компаниите од кои Лидл веќе го
откупил земјиштето, и им дал рок од 18 месеци да ја напуштат локацијата. Нашите
извори велат дека еден месец оттогаш веќе е поминат, и дека преостануваат уште
17 месеци до моментот кога тие ќе треба да ги напуштат своите објекти, со цел
Лидл да може таму да гради еден од своите маркети.

Тоа, според нашите пресметки, значи дека изградбата на тој маркет на Лидл би
почнала најрано во август 2024 година, а би завршила веројатно не порано од
2025 година. Но, она што е факт е дека маркет на Лидл таму сигурно ќе се гради.

Нашите неофицијални информации до кои дојдовме говорат дека од германскиот
синџир маркети веќе ги откупиле сите поголеми имоти на таа локација, односно и
од некои од фирмите, и од граѓани, на сите давајќи им период од година и половина
да се иселат, бидејќи потоа ќе започнат со градба.

Конкретно од наши извори откриваме дека преговорите со сопствениците на
еден од тие објекти траеле цели седум месеци, иако немаме информации која цена
била постигната за неговиот имот.

Информациите до кои дојдовме се и дека луѓе вработени или ангажирани од
Лидл претходно со месеци мереле на различни локации во главниот град на земјава
колку возила преку нив поминуваат, и нивните мерења покажале дека токму на тоа
место е најголемата фреквенција на автомобили. Од тие причини и се решиле таму
да никне еден од нивните најголеми маркети, и во кој очекуваат прилично
значајна посетеност.

Инаку, оваа локација е токму онаа каква што и во светот ја одбира Лидл за
изградба на свој маркет, и тоа во близина на клучка, со цел на потрошувачите кои
таму доаѓаат со возила да им е олеснет пристапот до маркетот. До своите продажни
места овој познат германски синџир маркети секогаш води сметка да има доволно
простор за паркинг, кој е бесплатен за потрошувачите што доаѓаат да пазарат во
тие маркети.  

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Лидл веќе ја купиле локацијата на
објектот „Бриколаж“ од Скопски пазар, место каде што би никнал нивниот прв
маркет.

Според нашите сознанија, веќе пораснал интересот за куќите на локацијата околу објектот на „Бриколаж“, од поединци или фирми кои знаат дека таму ќе
влезе „Лидл“, па очекуваат дека можеби за нив би добиле подобра цена.

За своите бизнис планови, Лидл откако влезе во земјава, не сака да
споделува информации со јавноста.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy