Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откриена група која испраќала лажни дојави за бомби – Спасовски: Ќе добијат пријави за тероризам!
Македонија

Откриена група која испраќала лажни дојави за бомби – Спасовски: Ќе добијат пријави за тероризам!

26/03/2023

AA

Група македонски државјани набргу ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн. и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето, вели Спасовски во интервјуто.

Објаснува дека било потребно добра подготовка и повеќе време и интензивно се работело не само кон подготовка на процедурата, туку и во делот на истрагите.

-Ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа е геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата, вели Спасовски

На прашањето дали групата што ја спомнува се македонски државјани, тој одговора потврдно.

– Да, како што реков, поднесовме кривична против едно лице малолетник, но се работи и на една друга група коишто меѓусебно се поврзани во однос на дојавите, додаде Спасовски.

Министрот соопшти дека се водат и истраги за сите институции во коишто имаше хибридни и сајбер напади и, како што вели, „има сериозен напредок, се добиваат податоци и информации“.

-Самиот факт дека треба овие податоци да ги обезбедиме преку меѓународна правна помош, говори и за тоа дека треба да има подолго време од овој аспект, додава Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа. х

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy