
Откажан забавниот дел од Вевчанскиот карневал!
19-годишниот Милан Муковски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, ноќеска загинал во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски истакна дека забавниот дел од вечерашниот концерт е откажан.
„Поради трагедијата која се случи вчера во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни погина млад член на Вевчани, можете да забележите и сами, учиците во Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Скоро се празни. Скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани не потресуваат. Вечерашниот концерт, забавниот дел е откажан. Мислам дека нема да има учесници“, вели Кочовски.
Со Кочовски беше и Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која истакна дека општината не ја препознава во вакво светло.
Таа изрази сочувство до семејството на експратеникот Крсто Муковски, загина во сообраќајна несреќа.
„Не го препознавам Вевчани вакво. Навистина ми е жал за трагичниот настан. Би сакала да изразам сочувство до фамилијата. Јас за жал знам како изгледа таа болка. Дојдов со градоначалникот да видиме што ќе се случува. Знам дека ситуацијата е неизвесна. Она што ќе одлучат граѓаните на Вевчани да се случува, тоа и ќе се случува. Од наредна година, традицијата ќе продолжи понатаму“, рече Костадиновска Стојчевска.
