Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОТКАКО ПРОПАДНА И 14-ТИОТ ТЕНДЕР ЗА „ЧЕБРЕН“: Бесими песимист, не верува дека пред избори ќе има нов
Економија

ОТКАКО ПРОПАДНА И 14-ТИОТ ТЕНДЕР ЗА „ЧЕБРЕН“: Бесими песимист, не верува дека пред избори ќе има нов

04/01/2024

AA

Министерот за финансии Фатмир Бесими не верува дека пред изборите може да се објави нов тендер за изградба на „Чебрен“ откако пропадна и 14-тиот тендер.

– Кога ќе се оцени повторно во однос на следните чекори, а веројатно сега оваа година пред избори не е реално да се ветува дека ќе стигнеме да објавиме оглас, рече денеска Бесими, одговарајќи на новинарски прашања.

Вели дека има аргументи „за“ и „против“ и за едната и за другата варијанта, односно „Чебрен“ да се гради преку јавно-приватно партнерство или со домашни средства.

Оваа инвестиција, според Бесими, треба да се реализира, а националниот интерес вели дека заштитен со Устав и дека не може со еден договор да се наштети на националните интереси.

– Да ги најдеме најдобрите што можат да направат добри проекти. Во нашите закони и во нашиот Устав јасно стои што е национален интерес. Нема дилема дека може со еден договор нешто да се наштети. Важно е да се реализира проектот и преку јавна дебата да се видат аргументите, истакна Бесими. 

Последниот тендер за изградба на „Чебрен“ пропадна откако до 31 декември кога беше послендиот рок, грчката компанија ПЦЦ Архиродон не ја продолжи банкарската гаранција.

Константин Димитров, кој е дел од Здружението на инженери, вчера најави дека ќе покренат иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со домашни средства.

– Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир т.е. да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарска долина. Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи, рече Димитров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy