Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОТКАКО НАЈАВИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОД МАКЕДОНИЈА: Вртоглав пад на акцијата на e.GO
Економија

ОТКАКО НАЈАВИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОД МАКЕДОНИЈА: Вртоглав пад на акцијата на e.GO

10/11/2023

AA

Next.e.GO Mobile пред нешто повеќе од една година, во август 2023, ja најави третата микро-фабрика за електрични автомобили што требаше да започне да се гради во Македонија, но во меѓувреме вредноста на акцијата на компанијата доживува голем пад на берзата.

За една година цената на една акција паднала на 0,55 долари, а само пред една година, односно пред 52 недели пикот бил 2,24 долари по акција. Кај компанијата постои голем пад и краткорочно. За последните пет дена може да се види дека вредноста на акцијата паднала за 20 отсто, покажува marketwatch.

Германската компанија, која во Македонија се поврзува со „Еколог“ на Лазим Дестани, има само една оперативна фабрика во Ахен, додека последните информации кои доаѓаат од Бугарија се дека во Ловеч нема ништо од најавениот проект од 2021.

На 13 август 2022 година (денот на Рамковниот договор) во индустриската зона кај Тетово се собра владиниот и врвот на ДУИ при поставувањето камен-темелник на фабрика за производство на електрични автомобили. Почетокот на изградбата беше најавен за шест до осум недели, но таму сега е само камен -темелникот. Образложението беше дека за потребите на фабриката било неопходно време за да се спојат четири постоечки парцели во зоната во Тетово. Во меѓувреме само имаше информација од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и министерот за економија Крешник Бектеши дека има конзорциум на домашни компании кои се избрани од инвеститорот да го реализираат градежниот дел, има договор за закуп на земјиште, и има подготовка за градба на клучна инфраструктура кон зоната. 

Производителот на електрични автомобили најави започнување со производство во близина на Тетово во последниот квартал на 2024 година со отворање на 900 работни места. Дополнително беше истакнато дека компанијата ќе исплаќа просечна бруто плата од 1.340 евра. Беше најавено дека компанијата нема да користи даночни ослободувања, а владината поддршка со 35 отсто од вкупната инвестиција (42,5 милиони евра) има заштитни клаузули и ќе биде реализирана само по исполнувањето на обврските, според конкретни рокови

Производството на e.Go автомобилите беше најавено со сопствена платформа за возила и нов производствен систем. Технолошки беше предвидено возилата да се развиваат и произведуваат за пократко време и со значително помали инвестиции отколку што е случајот со конвенционалните производители на автомобили.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy