Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отфрлени предлог законските измени за намалување на цената на храната и струјата
Економија

Отфрлени предлог законските измени за намалување на цената на храната и струјата

24/02/2025

AA

Власта на денешната собраниска седница ги одби Законите за намалување на ДДВ за електрична енергија и основни прехранбени продукти, предложени од група пратеници од опозициската СДСМ.

Отфрлени се предложените измени за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се бараа намалување на данокот за електричната енергија од 18 проценти на 5 проценти и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5 проценти на 0 проценти. 

Како што информираше пратеникот Фатмир Битиќи, со овие предлог-измени бараат системска реализацијата на две од седумте економски мерки на СДСМ.

„Индексот на трошоците на живот во јануари е 4,9 % повисок во споредба со истиот месец лани, а индексот на цените на мало бележи раст од 5,2 %. Ова е реалност што граѓаните ја чувствуваат при секое одење во маркет, при секоја платена сметка за струја. Затоа замрзнувањето на цените на нивото од 1 февруари не е целосно решение затоа што цените се зголемија, па се одлучи да се замрзнат. За тоа што се случува во реалниот живот, зборува вредноста на потрошувачката кошница, која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец. Денес, за да се задоволат основните потреби, едно семејство треба да издвои 2,9 минимални плати, што е јасен показател дека просечниот граѓанин едвај врзува крај со крај“, рече Битиќи.

Намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија, потенцира Битиќи, ќе значи конкретно финансиско олеснување за над 600 илјади домаќинства, кои во јануари мораа да платат од 20 до 30 % повисоки сметки за струја. Владата во делот на енергетиката потфрли.

„Податоците се поразителни. Во ноември официјално планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реалноста беше поинаква – увезени беа 351,3 GWh. Ова се случи и во декември – повторно планиран увоз од 0 GWh, а фактички беа увезени 425,7 GWh. Граѓаните се изложени на милоста и немилоста на увозните цени на струјата. Затоа и сметките растат. Поради што и овие измени и дополнување се неопходни. Со нивното усвојување, за сметка од 3.000 денари за струја, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно, а за сметка од 5.000 денари, заштедата ќе изнесува околу 700 денари“, рече Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy