
Осветување на храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена во Скопје
Скопска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ги поканува верниците да учествуваат во осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, кој се наоѓа во срцето на Скопје.
Церемонијата ќе се одржи на 28 септември 2025 година, со почеток во 8:30 часот, а осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Македонската Православна Црква.
Верниците се повикани да земат литургиско учество во овој свечен и историски значаен настан.

