Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осум пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство
Македонија

Осум пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство

18/03/2025

AA

Лекарите кои се грижат за пациентите повредени во пожарот во Кочани изразија оптимизам, но предупредија дека состојбата на некои пациенти може да се влоши поради природата на нивните повреди, посебно труењето со штетни гасови. Според нив, сите пациенти сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се под контрола, но некои од нив покажале знаци на влошување на состојбата, па денеска се планира нивен транспорт во странство.

„Пациентите се стабилни, но има и оние кои покажуваат знаци на влошување. Не се во тешка состојба, но сè уште треба да бидат транспортирани. Денес продолжуваме со транспортирање на осум пациенти, кои ќе бидат префрлени во болници во Словенија, Полска, Австрија, Италија и Хрватска“, изјави директорот на Клиниката за трауматологија, Игор Мерџаноски.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски, истакна дека во моментов на македонските клиники се лекуваат 89 пациенти, а досега 76 се пренесени на лекување во странство. Планирано е продолжување на транспортот на повредените во странски клинички центри, а преговори за дополнителни транспорти се во тек со здравствените власти во земји како Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.

„Во следниот период ќе продолжи транспортирањето на дополнителни пациенти. За кратко време ќе знаеме колку пациенти ќе може да бидат префрлени во овие земји“, додаде заменик-министерот Андоновски.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, нагласи дека и покрај тоа што досега се испратени 76 пациенти во странство, постојат доволно резервни капацитети за нови трансфери, но за следните пациенти може да бидат избрани понаталечни земји, бидејќи капацитетите во соседните земји се веќе исполнети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy