
ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТАН ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ – дали е ова најскапата недвижнина во екс Југославија од било кога
Цените на недвижностите во Србија почнаа да дивеат пред повеќе од една година, па купувањето стан за просечен граѓанин стана невозможна мисија. Но, состојбата не е подобра ниту во регионот. Така во Загреб се продава стан по цена од осум милиони евра.
Загрепска агенција за недвижности објави оглас за стан во главниот град на Хрватска.
Цената на станот за кој се вели дека е „најлуксузниот стан во Загреб“ е неверојатни осум милиони евра.
За таа сума потенцијалниот купувач добива 440 квадрати – 320 е внатрешноста на самиот стан, додека терасата е 160.
Според тоа, еден квадрат чини дури 18.181 евро.
Станува збор за двокатен стан во комплексот Центар Клуени, кој нормално се наоѓа во строгиот центар на Загреб. Станот има три спални соби и три бањи.
Во меѓувреме, загрепскиот портал 24 сата дознава дека овој скап стан е во сопственост на фирмата на Крешимир Хорватинчиќ, инаку син на Томислав Хорватинчиќ, кој издржува затворска казна поради предизвикување поморска несреќа во која загина брачен пар од Италија.
