
Осум гола, три пресврти – Реал во финале (ВИДЕО)
Натпреварот во Ријад ги донесе сите убавини на фудбалот бидејќи љубителите на овој спорт имаа можност да уживаат во неверојантиот дуел. Освен осумте гола, го одбележаа трите пресврти, а задоволството беше уште поголемо бидејќи траеше 120 минути, плус судиските продолженија.
Резултатот го отвори Хермосо, а за првиот пресврт се погрижија Ридигер и Менди кои го донесоа Реал во водство од 2-1. Пред крајот на полувремето почна вториот пресврт со погодокот на Гризман за потоа Ридигер да го комплетира со комичниот автогол за кој придонес имаше и Кепа. На пет минути пред крајот на натпреварот, на 3-3 израмни Карвахал и го однесе мечот во продолженија.
До 116. минута важеше тој резултат, а потоа Хоселу и Брахим Дијаз го совладаа Облак и го однесоа Реал во големото финале. За трофејот ќе се бори в недела, против подобриот од мечот меѓу Барселона и Осасуна кој се игра утре.