
Осум дена се трага по Миле Тодоров од Неготино!
Неготинецот Миле Тодоров исчезнал на 30. јануари и се бара веќе осум дена. Неговиот телефон бил пронајден во близина на реката Луда Мара.
Во потрагата учествуваат полиција, нуркачи, кучиња трагачи, доброволци, дронови и хеликоптер. Неговите блиски ги посетиле манастирите и црквите во Тиквешијата, но без резултат.
Миле, кој дал отказ на работа во Кавадарци, тргнал пешки кон Неготино, а трагата му се губи кај Марена. Бил облечен во црно работничко одело, бело палто и црн елек. Висок е 185 см.
Доколку имате информации, јавете се на полицијата или на броевите: 078/909-481 и 075/691-727.

