
Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил 62 годишно лице
Утрово во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, еден осуденик усмртил друг, со удари со стаклено шише, соопштуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во соопштението на МВР.
Д.С. е осуден за убиство на неговата мајка во 2012 година, која ја усмртил со повеќе убоди во вратот, стомакот и градите.