Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСТРА ГЕРМАНСКА КРИТИКА НА СМЕТКА НА ВУЧИЌ – погледнете како го пренесуваат 12 телевизии во живо во исто време
Регион

ОСТРА ГЕРМАНСКА КРИТИКА НА СМЕТКА НА ВУЧИЌ – погледнете како го пренесуваат 12 телевизии во живо во исто време

08/07/2023

AA

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг и член на комисијата на Социјалдемократската партија на Германија (СДП), Михаел Рот, на својот Твитер профил сподели објава на која е прикажана фотографија од прес-конференцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за Косово и Метохија.

Всушност, не се гледа само една фотографија, туку дури 12 од нив.

Дури 12 телевизии, меѓу кои и Јавниот сервис на РТС, сите телевизии со национална фреквенција, како и кабелските канали, истовремено го пренесуваат обраќањето на Вучиќ до граѓаните. Којзнае кое по ред во последно време, пишува проопозицискиот портал Нова.рс.

„Европската унија и САД доцнат со прекројување на својата стратегија во однос на Западен Балкан и Србија. Претседателот Вучиќ ги поткопува принципите на ЕУ, го поттикнува национализмот и омразата“, напиша Рот и додаде:

„Она што навистина ни треба е храбро лидерство кое ќе поттикне помирување, владеење на правото и демократија.

Никола Буразер, програмски директор на Центарот за современа политика, за Нова.рс вели дека меѓународната јавност и носителите на одлуки во ЕУ одамна се запознаени со состојбите во медиумите во Србија, но досега немаше никаква реакција.

„Сега овие реакции се се пожестоки. На ова влијаеја и промените во земјите-членки, особено во Германија, каде Ангела Меркел веќе не е клучен фактор за поддршка на Вучиќ“, вели Буразер.

Тој наведува дека факторите што влијаеле на промената на расположението кај меѓународните високи функционери е пред се колапсот на демократијата во таа земја, како и тоа што нема голем напредок во преговорите со Приштина.

„Голем дел од одговорноста е на Приштина, но ниту другата страна не покажува голема волја“, додава Буразер.

It’s overdue for the EU + U.S. to reshape the strategy regarding Western Balkans+Serbia. President Vučić undermines the guiding principles of the EU, he heats up nationalism + hatred. What we really need is brave leadership to foster reconciliation, rule of law + democracy. https://t.co/AiUHMj06xd

— Michael Roth – official (@MiRo_SPD) July 7, 2023

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy