
ОСТАНУВААТ ИСТИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО „МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ – Андов, Ѓорчева и Димов реизбрани во Управниот одбор
Осигурителната компанија Македонија осигурување преку Берзата ја известува инвеститорската јавност дека досегашните членови на Управниот одбор, Андов, Ѓорчева и Димов, се реизбрани на функциите.
„Известуваме дека Надзорниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп донесе одлука со која Г-дин Бошко Андов, Г-ѓа Весна Ѓорчева и Г-ѓа Татјана Димов се реизбрани за членови на Управниот одбор. Предметната одлука на органот на надзор стапува во сила по добивање на согласност за извршување на функција член на орган на управување во друштвото за осигурување (која ја издава Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Северна Македонија)“, се вели во информацијата од компанијата објавена на Берзата.

