Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА НОВИОТ ГАЗДА НА ТОПЛАНАТА СЕВЕР – молк за тоа кој ја купи за 350 илјади евра фирмата што грее 500 домаќинства
Економија

ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА НОВИОТ ГАЗДА НА ТОПЛАНАТА СЕВЕР – молк за тоа кој ја купи за 350 илјади евра фирмата што грее 500 домаќинства

29/02/2024

AA

Три дена откако се
продаде Топланата Скопје Север, сите како да се заколнати на молк околу тоа кој
е купувачот на овој значаен енергетски објект во државава.

И, за маката да биде
уште поголема, Топланата нема ни да мора да објави кој е нејзиниот нов газда,
согласно законските прописи кои ја регулираат таа проблематика.

Како што е познато, во
понеделникот помина берзанската аукција на која Топланата беше понудена и
продадена за сума од 350 илјади евра.

Ова следуваше откако
претходно се случија две неуспешни аукции, а во кои првично овој објект се
нудеше за продажба во септември 2022 година по цена од 980 илјади евра, додека, пак, се
нудеше и во ноември лани, и тогаш за неа се бараа 605 илјади евра.

Но, тогаш за овие
акции немало заинтересиран купувач, и берзанската аукција што се одржа во
понеделникот беше своевидна трета среќа за овој објект, кој всушност беше во
сопственост на „Топлификација“, која, пак, е во стечај. Тоа значи дека
прибраните 350 илјади евра од продажбата на Топланата Север ќе влезат во
стечајната маса на оваа компанија, по што парите еквивалентно ќе им се
распределат на доверителите, сразмерно на висината на нивните побарувања.

Она што вчера се случи
беше берзанското порамнување, бидејќи аукцијата беше по моделот Т плус два, што
значи дека вчера и официјално купувачот требаше да ги плати средствата за
топланата.

Фактор разговараше со
сите можни страни вклучени во зделката, но тие ни одговорија дека или не знаат,
или дека не можат да ни го обелоденат името на новиот сопственик на овој
енергетски објект.

Фактор успеа да стапи
во контакт со стечајниот управник кој ја извршил продажбата, но тој ни рече
дека името на новиот сопственик не може да се открие, бидејќи се уште не
завршило порамнувањето. Вчера околу пладне кога разговаравме со него тој ни објасни
дека плаќањето на сумата се уште не е завршено.

„За мене како стечаен
управник е најбитно да се реализира продажбата и да се влеат средства во
стечајната маса, а не кој е купувачот“, ни објасни стечајниот управник.

Стапивме во контакт и
со брокерските друштва преку кои се реализирала аукцијата, но оттаму ни
одговорија дека не е нивно тие да обелоденат кој е купувачот, туку треба да се
почека самиот тој, доколку смета дека е потребно, да и се
претстави на јавноста.

„Ќе си објават, ќе
бидат запазени сите правила и прописи“, би можеле да се парафразираат
одговорите од брокерските куќи.

Се интересиравме и во
Централниот депозитар за хартии од вредност, во смисла дали Топланата Север,
или Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје како што
е таму наведена, има обврска за објавување на акционери кои поседуваат над 5
отсто од акционерскиот капитал.

Одговорот е дека
Топланата Север нема таква обврска, бидејќи не ги исполнува купулативно двата
потребни услови, односно да има над 50 акционери и вредност над еден милион
евра.

Односно, Топланата
Север има номинален капитал од 3,96 милиони евра, но имала (пред да се
реализира продажбата) само двајца акционери, а тоа беше Топлификација во
стечај, која поседуваше 77.414 акции или 99,98 отсто од акциите (кои се
продадоа во понеделникот) и уште еден акционер, кој, според нашите информации,
поседувал само 17 акции од ова друштво.

Тоа значи дека таа не
ги исполнува кумулативно двата услови за да можеме да очекуваме дека барем во
понеделник, кога ЦДХВ ги објавува најновите состојби, ќе го дознаеме името на
новиот сопственик.

Од Берзата, пак, ни
објаснија дека само доколку купувачот евентуално е некоја котирана компанија,
ќе мора да извести дека ја купил Топланата, но доколку не е, кај нив ќе нема
таква обврска.

Топланата Север снабдува со парно околу 500 скопски домаќинства, односно
граѓаните во Чаир, Бутел и Топанско Поле, па иако нејзин газда досега беше
приватна компанија, Топлификација, која е во стечај, во јавноста се крена
голема бура околу цената по која е продаден овој објект, односно 350
илјади евра.

Дотолку
повеќе што станува збор за објект кој засега 500 домаќинства, и затоа се смета
дека е од јавен интерес.

Затоа
и мистеријата со која е обвиткана оваа продажба, но и за новиот газда, би
требало што побргу да се расчисти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy