
Oстанаа без домови, се сместија во шатори, а сега и тие се поплавени
Дождовите во Турција ги поплавија шаторите во кои живеат луѓето чии домови се уништени од земјотресот кој се случи на 6 февруари годинава. На видеата се гледа дека има кал околу шаторите.
Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите, објави новинската агенција ДХА. Опозицискиот политичар Канан Кафтанчиоглу на „Твитер“ сподели видео на кое се гледа жена како плаче и се обидува да ја извади водата од шаторот.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги обнови куќите во период од една година. Во Турција во моментот има изборна кампања, а граѓаните на 14 мај ќе избираат нов парламент и нов претседател.
Само во Турција во земјотресот загинаа над 48.000 луѓе, а во Сирија има неколку илјади жртви.
Во Хатај патот кој е распукан, „проголта“ автомобили.
foto Twitter