
Oсмомартовски марш за женските права
„Ќе преживеат ли жените овде?“ е мотото под кое Платформата за родова еднаквост годинава го организира традиционалниот марш за 8 Март.
Инспирирани од случаите на мизогинија, фемициди и полова дискриминација кои беа зачестени изминатиов период, активистите ќе испратат порака дека е неопходна промена во колективната негрижа кон жените за која, како што велат, е се уште присутна во многу области.
Маршот ќе се одржи во среда, на 8. март во 18 часот со почетна точка од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.