
Османи во конзулатот во Бон им однел станица за фотографирање
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека достави дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши.
„Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, напиша Бујар Османи.