Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи во Будимпешта се сретна со Џачка и Дачиќ
Македонија

Османи во Будимпешта се сретна со Џачка и Дачиќ

09/03/2023

AA

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта, Унгарија, имаше одвоени средби со своите хомолози од Албанија, Олта Џачка и Србија, Ивица Дачиќ, соопшти МНР.

На средбите се разменија мислења за повеќе прашања поврзани со билатералните политички и економски односи, соработката во рамките на регионалните иницијативи, притоа ставајќи акцент на евроинтегративниот процес на регионот на Западен Балкан и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ.

Поздравувајќи го прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, Османи истакна дека изнаоѓањето на решение за отворените прашања, ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји, туку и во севкупната регионална динамика која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што поскора интеграција во Европската унија. Во пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, Османи нагласи дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.

Се разговараше за значењето на потпишаните договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, како и договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес, од ноември минатата година. Во тој правец, беше констатирано дека реализацијата на обврските преземени со овие договори, останува приоритет на земјите-потписнички, се наведува во соопштението од МНР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy