
Османи вели дека е добро некогаш опозицијата да присуствува на ваков Самит: Да го види премиерот Ковачевски заедно со претседателот Бајден!
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за ТВ21 од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија зборувајќи за уставните измени истакна дека би било добро некогаш и опозицијата да дојде на вакви Самити, иако не може, за да види каква е атмосферата.
„Би било добро некогаш и опозицијата да дојде на вакви Самити за да ја види атмосферата, да види што значи една држава да седи на маса со најсилните. Да го видите премиерот Ковачевски заедно со претседателот Бајден, со премиерот на Велика Британија и да разговараат за заедничките предизвици“, вели Османи.
Тој додаде дека оваа можност е во рацете на опозицијата.