Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Стратешкиот дијалог со САД не е замена туку е комплементарен со процесот на ЕУ-интеграциите, не очекуваме ново вето од Бугарија
Македонија

Османи: Стратешкиот дијалог со САД не е замена туку е комплементарен со процесот на ЕУ-интеграциите, не очекуваме ново вето од Бугарија

07/02/2023

AA

Стратешкиот дијалог со САД не е алтернатива, туку е комплементарен на процесот на ЕУ-интеграција. Не очекуваме ново вето од Бугарија, одговори шефот на дипломатијата Бујар Осман на заедничката прес-конфренција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски посветена на увоениот план на активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.

– Точно е дека стратешкиот дијалог беше инициран од наша страна тогаш кога беше неизвесно дали ќе почнат преговорите. Бидејќи сметавме дека ни треба еден таков процес во којшто ќе се следат сите аспекти од развојот на општеството – антикорупциска политика, владеење на право, тие поглавја коишто ги има во ЕУ. И така почна оваа идеја, кога го нема тој механизам да го имаме овој механизам. За среќа успеавме да ги имаме двата механизми, односно да имаме две раце коишто не туркаат во прогрес и кон ЕУ, така што не е алтернатива, туку е комплементарно на процесот на ЕУ-интеграција. Значи, антикорупциската политика, владеење на правото, сите тие механизми што ги имаат САД, таа поддршка што ќе ја даде на судството ќе ни помогне побрзо да ги постигнеме критериумите за членство во ЕУ. Така што, буквално се две раце коишто ќе ја држат земјата да биде во континуиран развој. Не предвидувам никакво вето. Патот на Македонија е влезен во неповратна фаза кон членство во ЕУ, нема да биде лесен, ќе има многу предизвици, ќе има многу веројатно вакви ескалации меѓутоа тоа се само амплитуди по патот, правецот нема да биде сменет дефинитивно, рече Османи на новинарско прашање.


Во однос на впечатокот дека кога односите со Бугарија се на многу ниско повторно се интензивира дијалог со САД, Османи рече дека има континуитет во однос на стратешкиот дијалог, а по дефинирање на темите со овој дијалог, се формираше работна група која заедно со американската администрација создаде конкретни проекти во краткорочни, среднорочни и долгорочни рамки.

-Во моментот кога созреаја условите сите проекти да бидат прифатени од страна на сите институции, да бидат прифатени од американската страна поминаа на Влада и веќе ја информираме јавноста дека навистина влегуваме во едно ново поглавје во односи со САД кога рамката од 2008 за стратешко партнерство преминува во акциски план, станува жив инструмент којшто ќе ги продлабочи односите и сигурно ќе донесе повеќе стабилност, повеќе развој, повеќе економија и културна размена помеѓу нашите две држави, рече Османи.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy