
Османи: Спремни сме за предвремени избори ако ВМРО ги изгласа уставните измени
Гласајте за уставните измени и одиме на предвремени избори. Така истакна Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за МТВ2.
Иако барањето на ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ да се повлече од власт, Османи го смета за шовинистичко, тој сепак вели дека ДУИ е подготвена да оди во опозиција, но и на предвремени парламентарни избори само доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промените во уставот
„И покрај тоа што ова барање на ВМРО-ДПМНЕ, е непренципиелно, тоа е шовинистичко, бидејќи барат да излезат само министри Албанци, кои не паднаа од небо, туку беа избрани од мнозинството од албанската заедница и сега друга заедница која се обидува да ја преземе власта, ќе ја скрши волјата на албанскиот народ е целосно шовинистичка димензија, но и покрај ова оценивме дека сега е Европа пред се, тоа е историски момент и време е да ги оставиме овие димензии настрана. Ако ова е барањето за поддршка на уставните измени, еве го исполнуваме… Ние сме за предвремени избори, само ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени” рече Османи за МТВ2.
