Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи со обраќање на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Македонија

Османи со обраќање на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

07/12/2023

AA

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес, во рамки на работната посета во Брисел, се обрати на Самитот ЕУ-Западен Балкан, во организација на реномираната Бриселска тинк тенк организација Friends of Europe.

“Проширувањето на Европската Унија отсекогаш имало меритократски и геополитички аспект” истакна Османи, посочувајќи дека патот на Северна Македонија кон Унијата беше исполнет со исклучително тешки предизвици, но никогаш не отсуствувала стратешката јасност околу нашиот првенствен надворешно-политички приоритет за членство во Европската Унија.

На сесијата насловена “Проширувањето на ЕУ: новата геополитичка неопходност”, Oсмани рече дека токму концептот “сѐ или ништо” не нуди придобивки за граѓаните пред формалното полноправно членство. Оттука, според Османи концептот за повеќе интеграција пред полноправно членство претставува најдобро можно решение.

“Уверен сум дека концептот на забрзана и постепена интеграција, кој што го нарековме “Повеќе интеграција пред членство” ќе даде опипливи придобивки дури и во оваа фаза од процесот на пристапување. Очекувам да се поканат партнерите од Западен Балкан кои имаат 100% усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ да учествуваат на состаноците на Советот за надворешни работи, да добиеме пристап до Единствениот пазар на ЕУ и до структурните и кохезивните фондови”, истакна Османи.

Покрај министерот Османи, на сесијата посветена на проширувањето на Унијата со свои обраќања учествуваа и заменик претседателката на Владата за европска и евро-атлантска интеграција на Украина, Олга Стефанишина; министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани; министерите за европски прашања на Чешката Република и Црна Гора, Мартин Дворак и Мајда Горчевиќ; генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман; специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак; амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил како и поранешниот еврокомесар за проширување, Штефан Филе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy