
Османи со најмногу потписи, по него Димитриевски и Ванковска
Најмногу потписи, според пресекот на ДИК има Бујар Османи, кандидатот за Демократската унија за интеграција (ДУИ) и тоа 5 405.
Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-за наша Македонија, Максим Димитриевски со 3 613 потписи.
Кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има добиено 2 758 потписи.
Од останатите кандидати, блиску до две илјади потписи е кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој досега има 1 974.
На листата од 11 кандидати, сите останати имаат по помалку од илјада потписи.
Кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари има 246 потписи, а само три повеќе од него има Вело Марковски, односно 249.
Според податоците на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден вкупно 14 360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за Претседател на државата.
Досега никој ги нема собрано потребните 10 илјади, рокот е до 8 ми март.