Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Руската воена агресија врз Украина е најголем тест за нашата посветеност за заштита на човековите права
Македонија

Османи: Руската воена агресија врз Украина е најголем тест за нашата посветеност за заштита на човековите права

02/10/2023

AA

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска преку видео-обраќање ја отвори Конференцијата на човековата димензија на ОБСЕ што се одржува во Варшава.

Како што истакна Османи во своето обраќање, оваа Конференција има за цел да ја оцени имплементацијата на заложбите на ОБСЕ од страна на земјите-учеснички во доменот на човековите права, демократијата и владеење на правото и да понуди конкретни решенија за иднината.

„Руската воена агресија врз Украина е нашиот најголем тест дали можеме да успееме да ги оствариме нашите заеднички заложби. Сведоци сме на постојано насилство, дискриминација и нееднаквости низ целиот свет. Гледаме закани за слободата на изразување, мирното собирање и здружување. Гледаме напади врз владеењето на правото и ерозија на демократските институции. Овие предизвици се влошуваат со новите закани како што се влијанието на новите технологии врз приватноста и ефектот на климатските промени врз социјалната еднаквост“, рече Османи.

Овие предизвици можат да бидат надминати заеднички, преку давање на клучно место на граѓанското општество во овие напори. Токму затоа, граѓанското општество и поддршката на нивната работа е еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата, рече Османи.

„Граѓанските организации се во првите редови во застапувањето за човекови права, демократија и владеење на правото. Тие обезбедуваат перспективи и независни проценки и извештаи за прашањата поврзани со слободата на медиумите, изборните процеси и малцинските права и ги повикуваат владите да покажат одговорност. Тие му помагаат на ОБСЕ и се клучен партнер во идентификување и креирање на конкретни мерки на терен“, истакна Османи во своето обраќање, додавајќи дека нивните размислувања се голема поддршка за заедничките напори чија крајна цел – да ги направи општества безбедни, сигурни, слободни, демократски и праведни.

Еден од клучните резултати на Конференцијата ќе биде идентификацијата на областите каде што земјите-учеснички на ОБСЕ можат да ја подобрат својата имплементација на обврските кои пред сè ќе значат подобро секојдневие за граѓаните, без страв од војна, угнетување или замолчување, рече Османи.

„Во срцето на секое движење за човекови права е верување дека секој поединец, без оглед на неговото потекло или околности, поседува вродени права и достоинство. Овие права се универзални, неделиви и меѓусебно зависни. Тие не се апстрактни, туку се основата на мирни, функционални, инклузивни општества“, рече Османи.

Оваа Конференција е доказ за моќта на соработката, мултилатерализмот и признавањето дека работата на граѓанските организации, владите и меѓународните институции е меѓусебно поврзана, заврши Османи.

Конференцијата на човековата димензија на ОБСЕ во Варшава ќе трае десет дена и претставува една од најголемите конференции за човекови права во Европа која обединува претставници од земјите-учеснички на ОБСЕ, меѓународните организации, граѓански организации и експерти од областа на човековите права.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46674
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески

09/11/2026

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy